Достапни линкови

Денеска пресуда на пратениците на Самоопределување


Пратеникот на Самоопределување Албин Курти при приведувањето во Приштина, 24.11.2017.

Основниот суд во Приштина денеска треба да ја изрече пресудата во предметот против четворица пратеници на Самоопределување, обвинети за користење оружје и опасни средства, како и спречување на службени лица во вршење на должноста. Обвинети се пратениците Албин Курти, Доника Кадај Бујупи, Фатон Топали и Албулена Хаџиу. Тие се обвинети за активирање солзавец на седниците на Собранието на Косово кога на дневен ред беше демаркацијата на граничната линија со Црна Гора и спогодбата за формирање Заедница на српските општини.

XS
SM
MD
LG