Достапни линкови

Скоро пеесетина загинати во автобуска несреќа во Перу


илустрација

Околу пеесет луѓе загинале кога автобус паднал во бездна во Перу. Автобусот со 57 патници кој се движел во правец кон главниот град Лима се урнал во бездната отакако претходно се судрил со камион. Несреќата се случила на еден тесен дел на патот кој начесто се наоѓа под густа магла. Спасувачките екипи работат на извлекување на жртвите во тешко достапниот предел на местото на несреќата во Пасамаја, околу 70 километри северно од Лима.

XS
SM
MD
LG