Достапни линкови

Пендаровски: Време е Македонија да се интегрира во НАТО


националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски

„Сите политички фактори што се сега на власт мислат дека е дојдено времето да се реши прашањето за интегрирање на Македонија во НАТО, бидејќи го држиме неславниот рекорд како земја со најдолг стаж како кандидат за членство во Алијансата и веќе го почнавме 18. циклус на годишниот план за членство“, изјави националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски во интервју за МРТ. Според него, Македонија сигурно ќе ги реши политичките и економските проблеми до следниот самит на НАТО што ќе се одржи во Брисел на 11 и 12 јули, а за прашањето за името вели дека од наша страна ќе направиме се, но не може да гарантираме што ќе се случи на другата страна. Тој очекува опозицијата да има разбирање за, како што вели, најкрупното прашање и да има визија каква Македонија сакаме во следните 15 до 20 години и порачува дека доколку има разумен предлог народот ќе треба да се изјасни на референдум.

XS
SM
MD
LG