Достапни линкови

Трамп: нуклеарното копче на САД е поголемо од она на Северна Кореја


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп одговори на фалбите на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун дека го имал „нуклеарното копче“ на неговата работна маса со предупредување дека САД имаат „поголемо и помоќно нуклеарно копче“. Ким Џонг Ун во неговото новогодишно обраќање предупреди дека со нуклеарното копче може да активира оружје кое достигнува до Соединетите држави, но оти тоа ќе го сторел само ако биде загрозена безбедноста на неговата земја. „Ова е реалност, не закана“, порача тој.

XS
SM
MD
LG