Достапни линкови

Коѕиас не ги открива грчките црвени линии за името


Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕиас.

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕиас во интервјуто за грчкото радио Real fm, вели дека сѐ уште не се започнати суштински преговори на претставниците на двете земји со медијаторот Метју Нимиц. Тој избегна да ги открие грчките црвени линии, бидејќи смета дека тие не треба да се соопштуваат јавно, додека за евентуалното решение изразува убеденост дека во Парламентот ќе биде изгласано од мнозинство пратеници.

Грчката Влада е решена да придонесе кон решение на проблемот, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас и бара од македонска страна да ги намали или во најдобар начин, да ги елиминира тоновите поврзани со иредентизмот.

Никос Коѕиас во интервјуто за грчкото радио, рече дека во текот на следните денови ќе се одржи состанок на сите министри во Владата каде што ќе бидат презентирани детали од преговорите и изрази уверување дека евентуалното решение нема да создаде проблеми и ќе добие зелено светло од мнозинството пратеници во Парламентот.

XS
SM
MD
LG