Достапни линкови

Тевдовски - Поскапениот дизел нема да предизвика зголемување на цените


Министерот за финансии Драган Тевдовски.

Зголемувањето на акцизата за дизел горивото што стапи на сила со почетокот на 2018 нема да предизвика зголемување на цените на останатите продукти, повеќе од веќе предвидените од Министерството, изјави министерот Драган Тевдовски.

„Министерството за финансии веќе соопшти дека очекувањата за движење на инфлацијата се 1,7 проценти и во нив е вградено и зголемувањето на акцизата“, рече тој.

Министерот Тевдовски и премиерот Зоран Заев денеска имаа заедничката прес-конференција. На средбата претходно Тевдовски го информирал Заев за реализацијата на Буџетот во 2017 година и за економските очекувања во 2018. И двајцата очекуваа дека годинава ќе биде добра за економијата.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на денешната прес-конференција на Зоран Заев и Драган Тевдовски. Во соопштението од партијата наведуваат дека Заев и Тевдовски, како што пишуваат, повторно преку паушални прес конференции сакаат да ја изманипулираат јавноста.

„Наместо со празни зборови, треба да ги исполнат своите ветувања за подобрување на животниот стандард на граѓаните и исполнување на своите ветувања дадени пред граѓаните“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG