Достапни линкови

Заев: 2018 ќе биде година на економски прогрес и инвестиции


Премиерот Зоран Заев

Не е време за избори, туку за работа, 2018-та ќе биде добра година, рече премиерот Зоран Заев, по состанокот со министерот за финансии Драган Тевдовски. Премиерот вели дека 2018 ќе биде година на економски прогрес и инвестиции, со очекување за отворање многу работни места и зголемување на БДП.

„Убеден сум дека 2018. година ќе биде кулминација на завршување на политичката криза со економски перформанси што ќе ги почувствуваат граѓаните“, рече Заев.

XS
SM
MD
LG