Достапни линкови

Атина: Во 2018 можно решавање на спорот со името


Архива: Средба на министерот за надворешни работи Димитров со министерот за надворешни работи на Грција, Коѕиас во Скопје.

Во 2018 година е можно да се затвори прашањето за името, изјави портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос, додавајќи дека позицијата на лидерот на Независни Грци, Панос Кеменос кој е коалиционен партнер во грчката Влада, нема да биде пречка за решавање на спорот.

„Во текот на 2018 година, ако се земе предвид и позитивната позиција што ја следи политичкото раководство на ФИРОМ, постои, се отвора, еден прозорец за можност да се реши проблемот што е нерешен веќе 25 години и во нашата земја и во соседната земја. Моето мислење е дека треба да го искористиме овој прозорец за можност, треба да ги најдеме најсоодветните услови и најсоодветниот процес, за да тргнеме кон решение на проблемот, рече Ѕанакопулос во интервју за државната телевизија ЕРТ, пренесува МИА.

Ѕанакопулос објасни дека во владата соработуваат партии кои имаат различни политички ставови и различно политичко потекло, оценувајќи дека Каменос, кој вели дека нема да прифати име со терминот Македонија, сепак нема да биде пречка за договор.

„Каменос рече и нешто друго, дека штом постои вкупен консензус во политичкиот систем, тој самиот нема шанси да биде пречка во решавањето на прашањето“, рече Ѕанакопулос.

XS
SM
MD
LG