Достапни линкови

Неколкумина убиени во протестите во Иран


Продолжуваат антивладините протести во повеќе градови во Иран

Продолжуваат антивладините протести во повеќе градови во Иран кои почнаа пред пет денови. Според новинските агенции, имало напади и врз полициски станици при што загинале неколкумина луѓе. Станува збор за најголемите политички демонстрации во Исламската република од 2009 по контроверзните претседателски избори на кои победи Махмуд Ахмадинеџад. Видео снимка постирана на социјалните медиуми прикажува демонстранти кои напаѓаат полициска станица во градот Кахдериџан во централниот дел на Иран. Иранската државна телевизија јави дека во текот на вчерашниот ден имало 10 загинати демонстранти. Претседателот Хасан Рохани изјави дека насилствата биле можност за решавање на проблемите во Иран.

XS
SM
MD
LG