Достапни линкови

Времето денеска: променливо облачно и врнежливо


Во Македонија ќе биде променливо облачно, рано изутрина и кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен југозападен ветер, чиј правец кон крајот на денот ќе се промени во северен. Утринската температура ќе се движи од нула до шест степени, а дневната температура од четири до 13 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен југозападен ветер, чиј правец кон крајот на денот ќе се промени во северен. Утринската температура ќе достигне до еден, а дневната до 10 степени.

XS
SM
MD
LG