Достапни линкови

Северна Кореја најави учество на Игрите во Јужна Кореја


Организацискиот комитет на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, Јужна Кореја, ги поздравува намерите на Северна Кореја да испрати делегација со спортисти.

“Ако Северна Кореја донесe формална одлука за учество, тоа ќе биде во насока на вистински олимписки дух,” велат организаторите.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун, во новогодишното обраќање до нацијата кажа дека земјата е подготвена да го испрати својот тим во Република Кореја.

“Ние сме подготвени да ги преземеме сите неопходни чекори за учество на Олимпијадата, вклучувајќи го и испраќањето тим и сме подготвени на преговори со домаќинот”, изјави Ким.

Народна демократска република Кореја го пропушти крајниот рок за поднесување понуда за ЗОИ 2018, но технички има време да го стори тоа до средината на јануари. Преговорите ќе се фокусираат на безбедноста на севернокорејските спортисти.

XS
SM
MD
LG