Достапни линкови

Рохани предупреди на насилство поради протестите во Иран


Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека граѓаните се "апсолутно слободни" да ги критикуваат властите и протестите, но тој предупреди на насилство, бидејќи демонстрациите, немирите и задржувањето продолжија и четвртиот ден во градовите низ целата земја. Коментарите на Рохани следуваатоткако властите се обидоа да ги смират немирите со предупредувања до демонстрантите и со блокирање на популарните социјални медиуми и нарушување на некои интернет услуги. Претседателот на САД, Доналд Трамп, продолжи да ги поддржува демонстрантите, обвинувајќи ги властите за исклучување на интернетот и за кршење на правата на демонстрантите на улиците

. Акциите на улиците на Техеран и другите градови, вклучувајќи ги Санандај, Машхад, Илам, Хорамдерех и Керманшах, го обележаа најголемиот предизвик за властите, по насилните демонстрации избувнаа по спорните избори на Махмуд Ахмадинеџад за втор претседателски мандат во 2009 година.

Најмалку двајца демонстранти, биле убиени во судирите оваа недела, а стотици биле уапсени. Рохани, во своите први јавни забелешки од почетокот на протестите, рече дека Иранците имаат право да протестираат, но тој предупреди дека овие демонстрации не треба да ја направат јавноста "да се чувствува загрижена за нивниот живот и безбедноста".

XS
SM
MD
LG