Достапни линкови

Релативно мирна ноќ за дежурните лекари во Скопје


На клиниката за токсикологија при Клиничкиот центар Мајка Тереза во текот на новогодишната ноќ биле примени 27 пациенти, од кои најмладиот имал 16 години, а најстариот 48. Според првичните резултати од токсиколошката лабораторија на Клиниката, пациентите немале над два промили аклохол во крвта.

Првпат по подолго време на Клиниката за токсикологија, за новогодишната ноќ немало лица помлади од 15 години, изјави директорот Нико Беќаровски. Лекарите од ургентниот центар во болницата „8 Септември“ интервенирале кај 38 лица, од кои 4 со поблаги форми на повреда поради тепачки.

Четири лица биле повредени од изгореници на рацете со петарди, На хирургија било интервенирано и на две лица со површни рани на вратот од огнено оружје од залутани куршуми.

На Клиниката за хируршки болести во текот на вчерашниот ден пристигнале вкупно 65, од кои пет се хоспитализирани, а врз 4 се извршени операциски зафати.

XS
SM
MD
LG