Достапни линкови

Ун: Нуклеарното копче е на мојата маса


Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун изјави дека неговата земја има развиено способност да ги погоди целата територија на САД со нуклеарно оружје и дека нуклеарното копче е на неговата маса.

"Целата територија на Соединетите Држави се наоѓаат во опсегот на нашето нуклеарно оружје и нуклеарно копче е секогаш на мојата маса. Ова е реалност, а не закана ", рече Ким во телевизиското новогодишно обраќање на 1 јануари.

Тој додаде дека земјата" го завршила "процесот да стане нуклеарна сила и истакна " ние мора масовно да произведуваме нуклеарни боеви глави и балистички проектили и забрзано да гираспоредуваме ".

Според Ун, Северна Кореја ќе го користи таквото оружје само ако нивната безбедност е загрозена. Непредвидливиот лидер понуди и помирувачки јазик на својот јужнокорејски сосед и ривал, велејќи дека "патот е отворен" за дијалог со цел да се подобрат врските меѓу Пјонгјанг и Сеул.

XS
SM
MD
LG