Достапни линкови

Папата: Војни, лаги и неправда ја расипаа 2017 година


Војните, лагите и неправдата ја расипаа минатата година, порача папата Франциск во неговото новогодишно обраќање. Тој ги повика луѓето да преземат одговорност за своите дела. Истакна дека човештвото „ја расипало“ годината „на многу начини со смртни акции, лаги и неправди“.
Иако не спомена ниту една колективна случка, папата оваа година говореше за најголемите проблеми во светот. Изрази и загриженопст поради зголемените тензии меѓу Западот и Северна Кореја проади развојот на нуклеарната програма. На крајот од службата поглаварот на Римокатоличката црква прошета по Плоштадот Свети Петар во Ватикан поздравувајќи се и фотографирајќи се со верниците.

XS
SM
MD
LG