Достапни линкови

Британско семејство загина во авионска несреќа


Едно британско семејство, вклучувајќи го и 11-годишно девојче, загинаа кога хидроавион се урна во реката Хоксбери северно од Сиднеј на новогодишната ноќ, објавија локалните медиуми. Петчленото семејство и 44-годишниот пилот Герет Морган починаа во неделата кога хидроавидот се урна во реката Хоксбери, на околу 40 километри северно од Сиднеј, објави националната телевизија АБЦ. Марк Хатчингс, командант на командата за морска полиција во Нов Јужен Велс, изјави дека патниците биле на одмор во Австралија.

"Тие беа во едно од најубавите делови на светот и ова да им се случи на место како ова, е повеќе од трагично", изјави Хатчинс.

Летните летови од пристаништето Сиднеј до рестораните на реката Хоксбери северно од Сиднеј се популарни кај туристите и работат веќе 80 години.

XS
SM
MD
LG