Достапни линкови

Австралија и Нов Зеланд со огномети влегоа во 2018


Огномет во Австралија

Граѓаните ширум светот ја слават Новата година со огномети и прослави, но со посебни мерки на претпазливост.

Повеќе од еден милион луѓе ја прославија Новата година во Сиднеј, каде што беа организирани спектакуларни огномети.

Граѓаните на Нов Зеланд влегоа во 2018 година се повеќе од 3.000 огномети, а подготовките за прославата започнаа пред шест месеци.

Жителите на пацифичките држави Самоа и Кирибати први ја поздравија 2018 година.

Први јануари последни ќе го дочекаат жителите во Американска Самоа и островот Ниуе бидејќи таму 2018 по средноевропско време треба да пристигне во понеделник.

Во 13 часот Нова Година пристигна во делови од Русија.

Во западните земји, новогодишната прослава ќе се одржи со големи мерки на безбедност поради страв од терористички напади. Во Германија најмногу новогодишни настани ќе има Берлин, а централен настан, според традицијата, е кај Бранденбуршката порта.

Постојат бетонски блокови и разни препреки во градот, а стотици илјади луѓе се очекува да излезат на отворено.

"Распоредени се дополнителни 1.600 полицајци за прославата на Нова Година. Целта е да се осигури безбедноста не само во центарот на градот, туку низ цел Берлин. Бетонски бариери се дизајнирани за да се спречи неовластени возила да влезат во таа зона", вели Томас Неуендорф, портпарол на полицијата во Берлин.

За време на новогодишната прослава, дополнителен персонал за безбедност ќе биде распоредени и во Франција, вкупно 140.000. Приоритет е да се гарантира безбедноста на француските и странските туристи, тврди Министерството за внатрешни работи.

За време на празниците во Москва ќе бидат ангажирани 45.000 полицајци, членови на Федералната служба за безбедност, Националната гарда и приватната безбедност.

XS
SM
MD
LG