Достапни линкови

Ахмети: 2018-та е клучна година


Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети упати честитка до сите граѓани по повод Нова година.

"Имам посебна чест да ви честитам на сите вас и вашите ценети семејства со најискрени честитки за здравје, благосостојба и успех во 2018 година. Годината пред нас е клучна година и многу значајна за нашата земја и за земјите од Југоисточна Европа", вели Ахмети во честитката.

2018-та година, посочува тој, нека ни донесе исто така, афирмативни, надежни и конкретни стратегии на проширувањето од страна на Европската Комисија, позитивен извештај за напредокот со безусловна препорака и датум за почеток на преговорите, но уште поважно, покана за членство во НАТО.

"Нас ни преостанува да се соединиме и да ги решиме домашните задачи без никакви одлагања во конструктивен и пријателски дијалог со соседите, затоа, да си ги засукаме ракавите и да ги оствариме нашите определби. Честитки и се најдобро", стои во новогодишната порака на Ахмети

XS
SM
MD
LG