Достапни линкови

Ослободени заложниците во поштата во Украина


Украинските полициски сили ги ослободија заложниците во градот Харков

Украинските полициски сили ги ослободија преостанатите заложници што беа држени во поштата од страна на еден човек за кој се веруваше дека е приврзан со експлозив. Тој беше уапсен по неколку часа од заложничката драма во градот Харков. Ниту еден од заложниците не беше повреден. "Сите заложници беа ослободени во Харков. Убиецот беше уапсен", напиша на Твитер претседателот Петро Порошенко, додека министерот за внатрешни работи, Арсен Аваков, објави слика на човекот со крв по лицето. Полицијата претходно кажа дека човекот држел 11 лица заложници. Петмина од заложниците - три жени и две деца - беа ослободени по разговорите. Шефот на регионалната полиција изјави за новинарите дека човекот имал историја на асоцијално однесување и прекршоци поврзани со дрога. Полицијата соопшти дека човекот бил загрижен за минатонеделната замена на затвореници меѓу украинските власти и сепаратистите поддржани од Русија.

XS
SM
MD
LG