Достапни линкови

Македонците најмногу јадат леб


Илустрација- фабриката за леб Жито Лукс во Скопје

Леб, компири, ориз, пилешко месо зелка, пиперки, јаболки и лубеници се меѓу производите што годишно најмногу ги конзумираат граѓаните во Македонија.

Статистиката покажува дека просечно еден граѓанин во Македонија јаде 70 килограми леб, 29,9 килограми компир, девет килограми пилешко месо, 7,3 килограми ориз, 13,1 килограми јаболки, 10,5 килограми лубеница, 11,5 килограми зелка, 19,7 килограми пиперки и 14 килограми домати.

Од морската храна најмногу јадат ослиќ 4,3 килограми, свежа пастрмка 0,6, и свеж крап и црвеноперка по 0,2 килограми.

Просечната заработка во ноември изнесувала 23.229 денари

Просечната плата во Македонија во ноември годинава изнесувала 23.229 денари, а во третиот квартал од годинава имало 7.568 слободни работни места.

Во текот на годинава што изминува во театрите имало 238.200 посетители на претставите

XS
SM
MD
LG