Достапни линкови

Матис очекува поголемо американско присуство во Сирија


Американскиот секретар за одбрана, Џим Матис

Американскиот секретар за одбрана, Џим Матис, вели дека очекува наскоро да има поголемо цивилно присуство на САД во Сирија, бидејќи борбата против екстремистичката група Исламска држава (ИС) се доближува до завршница. Матис рече во Вашингтон дека американските дипломати и изведувачи, најверојатно, ќе се вратат на Блискиот Исток, бидејќи фокусот се свртува кон реконструкцијата и безбедноста. "Она што ќе видите е повеќе американски дипломати на теренот", изјави Матис за новинарите . "Има меѓународни пари што мора да се администрираат, и треба тие да не оди во погрешни народни џебови", додаде тој. Коментарите, најверојатно, ќе го налутат сирискиот претседател Башар ал Асад и рускиот претседател Владимир Путин, кои побараа од војската на САД да ги повлече своите околу 2.000 војници откако ќе заврши битката против ИД.

XS
SM
MD
LG