Достапни линкови

Египетскиот суд го осуди поранешниот претседател Морси


Соборениот египетски претседател Мухамед Морси за време на судското сослушување во Каиро, 15 февруари 2015


Судот во Египет го осуди поранешниот исламистички претседател Мухамед Морси на три години затвор за навреди на судството. Судот во Каиро донесе одлука дека Морси го навредил судството во јавен говор пред повеќе од четири години "со цел ширење на омраза". Судот, исто така, осуди уште 18 лица во истиот случај на три години затвор, меѓу кои истакнатиот продемократски активист Алаа Абдел-Фатах, на кои им се изречени казни од 30.000 египетски фунти (1.688 долари). Морси е првиот слободно избран претседател на Египет. Тој беше соборен од војската во 2013 година по масовните протести против неговото едногодишно владеење. Оттогаш тој се соочува со судење по повеќе обвиненија, вклучувајќи шпионажа и заговор со странски групи.

XS
SM
MD
LG