Достапни линкови

Хрватски бродови повторно рибарат во Пиранскиот залив


Пиранскиот залив

Хрватските медиуми јавуваат дека три рибарски бродчиња, со полициска придружба, утринава испловиле да ловат во спорните територијални води на границата меѓу Хрватска и Словенија. Словенија вчера најави дека ќе почне да ја имплементира одлуката на арбитражниот суд според која спорните води во Пиранскиот залив, кој Хрватска го вика Савудриска вала, и припаѓаат на Словенија.

Хрватските бродчиња отпловиле да ги соберат мрежите кои во петокот ги оставиле во морето, и се вратиле во своите пристаништа со уловот.
" Брод на словенечката риболовна инспекција се појави на местото, но по нашето предупредување дека се наоѓаат во хрватски територијални води, Словенците се повлекоа, а хрватските рибари ги извлекоа своите мрежи и се вратија во Савудрија", изјави Лорис Козлевац, шеф на хрватската погранична полиција во регионот на Истра.

Хрватска одбива да ја прифати одлуката на арбитражниот суд, кој со години го разгледуваше ова прашање и на крајот реши во полза на Словенија.

XS
SM
MD
LG