Достапни линкови

САД повторно го предупредуваат Косово за судoт за воени злосторства


Парламентот на Косово

Американската амбасада во Косово го повтори своето силно противење на обидите на косовските водачи да го укинат новиот суд за воени злосторства. САД предупредуаат дека сите обновени напори за отстранување на Трибуналот "ќе имаат длабоки негативни последици за европската иднина на Косово и нејзините односи со САД". Десетици косовски пратеници минатата недела направија неуспешен обид да го укинат законот со кој се дозволува работата на Трибуналот да продолжи, откако воените ветерани поднесоа петиција велејќи дека судот е "пристрасен". "Косовските водачи оваа недела дадоа јавни изјави дека иницијативата во Косовскиот парламент во врска со Специјалниот суд нема да наштети на меѓународните односи на Косово. Тие грешат", се вели во соопштението на американската амбасада.

XS
SM
MD
LG