Достапни линкови

САД повикуваат на "мирни" промени во Иран


Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон

Иранската полиција издаде предупредување против одржување нови протести по апсењето десетици демонстранти во Техеран и западниот град Керманшах, додека САД повикаа на "мирна транзиција" на владата во Иран. Говорејќи вчера, по вториот ден од протестите против зголемувањето на цените што прераснаа во политички и се проширија во повеќе ирански градови, Мохсен Хамадани, заменик-гувернер на провинцијата Техеран, беше цитиран од страна на државните медиуми, велејќи дека агенциите за спроведување на законот ќе преземат строги мерки против какви било идни собири. "Не постои дозвола за такви протести", беше цитиран како изјавува. И покрај предупредувањето од иранските власти, американскиот Стејт департмент и Белата куќа излегоа со изјави во кои ги осудија апсењата и барајќи од Техеран да дозволат слободно изразување од страна на демонстрантите. "Иранската влада треба да ги почитува правата на своите луѓе, вклучувајќи го и нивното право да се изразат", изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

Портпаролката на американскиот Стејт департнент рече дека американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, лично побарал поддршка за она што тој го опишал како "елементи внатре во Иран што ќе доведат до мирна транзиција на владата". "Ги повикуваме сите нации јавно да го поддржат иранскиот народ и нивните барања за основни права и да се стави крај на корупцијата", рече портпаролката Хедер Науерт.

XS
SM
MD
LG