Достапни линкови

Заев:Влегуваме во година на клучни одлуки


Архивска фотографија-премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со претседателите и претставниците на политичките партии од коалицијата. Заев истакнал дека промените во државата навестуваат дека влегуваме во година на клучни одлуки. На оваа предновогодишна средба, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев ги запознал коалициските партнери со главните точки и остварувања на Владата и нагласил дека тие се постигнати врз основа на принципите договорени со коалицијата.

"Создадовме околности кои целосно го променија демократскиот амбиент во земјата, за што пристигнаа признанија и од народот со исходот на локалните избори, како и од меѓународната заедница, особено од нашите стратешки партнери во ЕУ, НАТО и од САД и овие промени навестуваат дека влегуваме во година на клучни одлуки за државата. Во таа смисла е многу значајно заемното охрабрување и поддршка на сите партнери во коалицијата во сите области, и посебно во остварувањето на концептот едно општество за сите", истакнал Заев.

Во текот на разговорот Заев зборувал за повеќе прашања од интерес за граѓаните, како и теми од заеднички договорените политики, кои во изминатите седум месеци се преточија во конкретни мерки и законски решенија од спроведувањето на програмата на Владата.

"Беше нагласено дека насоките се утврдени и дека паралелно со она што се очекува на планот за европските и евро-атлантските аспирации, ќе се динамизираат и процесите во спроведувањето на реформите и реализацијата на Планот за економски раст", се наведува во соопштението од владината прес-служба.

XS
SM
MD
LG