Достапни линкови

САД:Опструкциите на Специјалниот суд за Косово ќе имаат негативни последици


Илустрација-парламентот на Косово

Амбасадата на САД во Косово денеска соопшти дека косовските лидери грешат ако мислат дека иницијативата во Собранието на Косово во врска со Специјалниот суд нема да ги влоши односите меѓу Приштина и меѓународната заедница.

„Секој таков обид ќе има длабоки негативни последици по европската иднина на Косово и неговиот однос со САД“, се наведува во соопштението.

Американската амбасада наведува и дека целосно се неприфатливи заканите со насилство и ја повика косовската Влада јасно да се огради од нив.

“Исклучително сме разочарани од оние кои се подготвени да ја жртвуваат иднината на својата земја и непоколебливата поддршка на САД, поради своите лични интереси“, наведува Амбасадата во своето соопштение.

Минатата недела 43 пратеници бараа свикување на вонредна седница на парламентот на која би се разгледувала петицијата во организација на воените ветерани на ОВК на која има повеќе од 15 000 потписи. Тие бараат процесот на формирање на судот, кој веќе е основан, да се врати на почеток и да се направат законски измени со кои за воените злосторства ќе им се суди и на останатите, а не само на Албанците.


XS
SM
MD
LG