Достапни линкови

Иранската полиција ги растера демонстрантите против поскапувањата


Иран-протести во западниот град Керманшах, 29.12.2017

Иранската полиција ја растури групата антивладини демонстранти и приведе десетици луѓе во западниот град Керманшах и главниот град Техеран откако протестите против зголемувањето на цените прераснаа во политички и се проширија во повеќе градови.

Полуофицијалните новински агенции како Фарс и Мехр јавуваат дека полицијата растурила група од околу 300 луѓе во градот Керманшах кои извикувале „политичките затвореници треба да бидат ослободени“ и “Слобода или смрт”. Според непотврдени информации денеска биле приведени околу 50 луѓе. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како насобраните извикуваат и „Смрт за диктаторот“ и „Нацијата е во сиромаштија, а лидерот се однесува како господ“.

Различните пароли се смета дека се однесуваат на врховниот лидер Ајатолахот Али Хаменеј и претседателот Хасан Рохани. Слични протести, како што се јавува, се одржале и во други градови, а полицијата во Техеран привела околу 40 лица.


XS
SM
MD
LG