Достапни линкови

Мицкоски на средба со шефот за политички односи на ЕУ во Скопје Холуб


Архивска фотографија-претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пратеникот Влатко Ѓорчев и секретарот за меѓународна соработка Александар Николоски денеска се сретнаа со Лукас Холуб, шефот за политички односи на Канцеларијата на Европската унија во Македонија.

Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ на средбата се разговарало за актуелните општествено политички состојби и стратешкиот приоритет на државата за членство во Европската Унија. Мицкоски, се наведува во партиското соопштение, посочил дека државата премногу долго се наоѓа во процес на политичка криза што негативно се одразува врз политичките процеси, економијата и стандардот на граѓаните.

„Потребен е политички дијалог за надминување на разликите во однос на клучните процеси во државата, а за негово воспоставување потребна е добра волја од сите учесници. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да поддржи секое решение и реформски процес за кое е оцени дека е во интерес на државата и јакнење на демократските процеси, но воедно дијалогот е двонасочна улица и е потребна активност и добра волја од страна на власта преку конкретни чекори со кој ќе ја потврди сериозноста во пристапот“, посочил Мицковски.

Тој истакнал и дека политичките прогони кои ги спроведувала актуелната власт ја уназадуваат државата и го отежнуваат демократскиот процес. Во однос на интеграцијата на Македонија во ЕУ од ВМРО-ДПМНЕ оцениле дека е потребен реален напредок и оти реториката и декларативните заложби на актуелната влада биле недоволни.


XS
SM
MD
LG