Достапни линкови

Турција потпиша договор со Русија за набавка на ракетниот систем С-400


Архива: Рускиот ракетен систем С-400.

Турција и Русија потпишаа договор за набавка на ракетни системи за воздушна одбрана C-400, објавуваат турските медиуми. Според извештаите договорот е во вредност од 2,5 милијарди евра кој го потврдил и директорот на компанијата „Ростек“ Сергеј Чемезов.

Чемезов изјави дека Турција е првата членка на НАТО која купила систем С-400, најавувајќи дека испораката ќе почне во март 2020 година. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во септември оваа година изјави дека е потпишан договорот со Русија за купување на системот и оти веќе го уплатиле авансот.

XS
SM
MD
LG