Достапни линкови

Царовска најави дијалог со синдикатите


Архива: Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска изјави дека се подготвени за отворен дијалог и дебата за да дојдат до конечни заеднички решенија, во врска со барањата ма Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) кои најавија дека на 17 јануари ќе одржат предупредувачки протест пред Владата.

КСС најави протест со барање за усогласување на платите во јавниот сектор согласно зголемувањата на минималната плата, да почнат преговори за зголемување на платите во јавниот сектор и преговори за измена на Општиот колективни договор во јавниот сектор. Ти ја повикаа Владата најдоцна до 16 јануари да организира средба.

XS
SM
MD
LG