Достапни линкови

Автобус удри во автобуска станица во Москва, тројца повредени


Москва: Автобус се удри во автобуска станица во Москва. 29.12.2017

Руското Министерство за вонредни ситуации ги отфрли извештаите дека двајца луѓе загинале во денешна сообраќајната несреќа на автобус во Москва, наведувајќи дека во инцидентот повредени се три лица. Московската полиција соопшти дека несреќата се случила кога автомобил го удрил автобусот и го турнал во автобуската станица на булеварот „Кимкински“ во близина на метро станицата „Сходненскаја“ во Москва.

Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин денеска изјави дека наредил темелна истрага за инцидентот. Полицијата првично соопшти дека еден патник е загинат и едно лице кое чекало на автобуската станица. Несреќата се случува по четири дена откако автобус влета во подземен пешачки премин во Москва, при што загинаа четири лица и 13 беа повредени.

XS
SM
MD
LG