Достапни линкови

Русија предлага да биде домаќин на разговори меѓу САД и Северна Кореја


Архива: Лидерите на САД и Северна Кореја ким Јонг Ун и Доналд Трамп.

Официјален претставник на руското Министерство за надворешни работи вели дека Русија би можела да биде домаќин на разговори меѓу САД и Северна Кореја ако тоа биде побарано од Москва. Рускиот претставник Олег Бурмистров денеска рече дека Москва е отворена за контакти и е подготвена да обезбеди место за разговори доколку е потребно.

„Ние сме подготвени да учествуваме на вакви состаноци ако бидеме поканети“, рече Бурмистров.

Тој исто така изјави дека последната резолуција на Советот за безбедност на ОН за Северна Кореја „речиси го исцрпи“ капацитетот за санкции против Северна Кореја за нуклеарното оружје и за тестирање ракети на долг дострел.

Коментарите доаѓаат еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше Кина за извештаите дека кинески бродови пренесуваат нафта во Северна Кореја преку море, што е спротивно на санкциите на ОН. Кина денеска ги отфрли обвинувањата на Трамп.

XS
SM
MD
LG