Достапни линкови

Уапсен осомничениот напаѓач во московската фабрика за слатки


Архива: полицајци стојат пред фабриката за слатко во Москва. 27.12.2017

Руските медиуми објавија дека истражители поднеле обвиненија за убиство против поранешниот коспоственик на московската фабрика за слатки кој на 27 декември фатално го застрела чуварот на фабриката. Истражниот комитет денеска соопшти дека Илја Аверјанов отворил оган со пушка по расправија со новиот сопственик на фабриката, убивајќи го чуварот и повредувајќи три други лица.

По пукањето, Аверјанов се јавил на радио станица и рекол дека се бранел себе си против „банда“ која тој ја обвини дека е поврзана со московските обвинители за нелегално да го запленат неговиот имот.

XS
SM
MD
LG