Достапни линкови

Одложено судењето за случајот на СЈО „Триста“


Архива: Основен суд Скопје 1

Судењето за случајот на СЈО „Триста“, во кој обвинет е поранешниот помошник – министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски, е презакажано за 19 февруари. На Поповски ќе му суди нов судија. Судијката Лидија Петровска на денешното рочиште соопшти дека Поповски е во добра здравствена кондиција и ќе може да присуствува на судењата, откако тоа претходно го утврди вештак.

Поповски е обвинет од СЈО, според кое тендерот за купување, одржување и сервисирање на 300 возила за потребите на МВР поранешниот помошник министер им го доделил на фирми кои немале најевтина понуда со што го оштетил државниот буџет за над 453 илјади евра.

XS
SM
MD
LG