Достапни линкови

САД го нормализираа издавањето визи во Турција


Американската Амбасада во Анкара соопшти дека ги укинува сите ограничувања за издавање визи, кои беа воведе во октомври кога турските власти го уапсија Метин Топуз, вработен во Конзулатот на САД во Истанбул. Топуз беше осомничен за поврзаност со мрежата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека е главен организатор на минатогодишниот обид за државен удар во Турција. Според обвинението, Топуз организирал посети во САД на турски полициски офицери и обвинители, кои потоа учествувале во активностите на мрежата на Ѓулен против турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Топуз останува во притвор, но САД се согласија да го нормализираат визниот режим со Турција во замена за ветување дека нема да има натамошни апсења на турски државјани вработени во американските дипломатски претставништва или пак дека доколку некој биде уапсен, САД ќе бидат информирани на време.

Одлуката за ограничување на издавањето визи за турските државјани, предивика дополнителни тензии во односите меѓу Вашингтон и Анкара, кои се и онака обремените со одбивањето на САД да и го предадат на Турција пропведникот Ѓулен, кој живее во доброволен егзил.

XS
SM
MD
LG