Достапни линкови

Реформаторите ги поддржаа измените на Статутот во ВМРО-ДПМНЕ


Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ го поддржа процесот за изменување и дополнување на Статутот на партијата во насока на негова демократизација.

„Републичкиот штаб за реформи е формиран со цел демократизација, модернизација и европеизација на нашата партија. Во таа насока, во целост го поддржуваме процесот на изменување и дополнување на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ во насока на негова демократизација,” се наведува во соопштението на реформаторите.

Реформаторите сметаат дека тој процес ќе даде дополнителна вредност на ВМРО-ДПМНЕ. Од страна на Републичкиот штаб формирана е работна група во состав Петар Богојески, Илија Илијовски, Драган Лазаров и Александар Стојчевски, кои ќе ги презентираат нивните аргументи и предлози во таа насока. Во процесот ќе се направи детална анализа на статути и други слични акти на сестрински партии, членки на Европската народна партија, за што поголемо приближување до европските стандарди.

ВМРО-ДПМНЕ најави почнување постапка за измена на Статутот и го повика членството да се вклучи во процесот.


XS
SM
MD
LG