Достапни линкови

Германците и Французите „за“, Скандинавците против Соединети Европски Држави


Скоро третина од Германците и Французите ја поддржуваат идејата за создавање на Соединети Европски Држави покажуваат резултатите на денешната анкета. Лидерот на германската Социјалдемократска партија Мартин Шулц претходно овој месец предложи дека се работи на уставен договор со кој од Европската Унија до 2025 година би настанале Соединети Европски Држави, но неговиот предлог не наиде на широка поддршка. Шулц тогаш предложи уставниот договор да им се презентира на државите членки, а тие кои ќе бидат против да ја напуштат ЕУ. Според анкетата на „Југов“, 30 насто од Германците и 28 насто од Французите го поддржуваат предлогот, но поддршката меѓу скандинавските земји изнесува под 15 насто, додека против се 50 насто од испитаниците.

Во Велика Британија, која минатата година на референдум одлучи да излезе од Европската Унија, предлогот за Соединети Европски Држави го поддржуваат 10 отсто од испитаниците, додека на истиот се противат 43 насто.

XS
SM
MD
LG