Достапни линкови

Вучиќ: На пролет сериозна расправа за Косово


Српскиот претседател Александар вучиќ изрази уверување дека на почетокот на следната пролет во Србија ќе започне сериозна расправа во рамки на внатрешниот дијалог за Косово. За време на посeтата на градот Лебане во јужна Србија, Вучиќ изјави дека прашањето за Косово е многу важно за земјата и дека е значајно во рамки на внатрешниот дијалог луѓето „да ја зборуваат вистината“.

Според него, на тој начин би се покажал демократскиот капацитет на српското општество за дијалог и за обид за решавање на проблемите, иако засега Србија е далеку од решение.

„Се надевам и верувам дека во иднина ќе успееме да ги рационализираме нашите барање и нашата политика и да го зачуваме тоа што му припаѓа на нашиот народ. Верувам дека на почетокот на летото ќе започнеме со тој сериозен процес”, потенцира Вучиќ.

XS
SM
MD
LG