Достапни линкови

Загинаа шест деца во експлозија во Авганистан


Илустрација: Припадници на авганистанските сили.

Бомба поставена покрај пат во авганистанската провинција Балх при што убиени се шест деца на овчари, соопштија властите на Авганистан додавајќи дека децата гледале стадо животни кога едно од нив се приближило кон импровизиран експлозивен уред кои експлодирал и ги убил сите шест деца.

Авганистанските претставници информираат дека децата биле на возраст од осум до десет години. Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот, но властите во Авганистан ги обвинуваат Талибанците велејќи дека милитантната група го поставила експлозивот за да убие претставници на авганистанските безбедносни служби.

XS
SM
MD
LG