Достапни линкови

Омбудсманот констатирал кршење на имунитетот на апсените пратеници


Архива: Прес на народниот правобранител Иџет Мемети.

Народниот правобранител констатирал дека при приведувањето на тројца пратеници на 28 ноември 2017 година е повредено правото на пратенички имунитет и презумпцијата на невиност, поради непочитување на Правилникот за начин и вршење на полициски работи од страна на полицијата, информираше денеска народниот правобранител Иџет Мемети на брифинг со новинарите.

Меџити вели дека констатираните состојби се од постапувањето по добиена претставка од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија.“

За Народниот правобранител неспорна е констатацијата дека во случајот е постапено спротивно на член 19 од Правилникот за вршење на полициските работи, според кој доколку лицето кое се приведува се повика на статусот имунитет, полицискиот службеник по проверка на веродостојноста на таквиот статус ќе го прекине приведувањето и за тоа веднаш ќе го извести непосредниот раководен полициски службеник.

Народниот правобранител информира дека е доставена препорака до министерот за внатрешни работи за испитуавање на постапувањето на полициките службеници.

XS
SM
MD
LG