Достапни линкови

Филипче: Имаме капацитет за модерен здравствен систем


Архива: Министерот за здравство Венко филипче.

Уверени сме дека имаме капацитет и дека мораме здравствениот систем, кој функционира на работ на издржување, да го трансформираме во европски модерен здравствен систем, изјави денеска на својата прва прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој истакна дека еден од клучните проекти ќе биде надоградувањето на електронскиот систем „Мој термин“ и формиорање на интегративен здравтвен систем во кој ќе има контрола на потрошувачката и на вистинските потреби.

Филипче рече дека времетраењето на прегледите ќе го договараат со директорите на клиниките и оти ќе инсистираат клиниките да примаат административни помошници кои ќе внесуваат податоци на докторите за тие да можат да се фокусираат на прегледот на пациентот.

„Целта ќе ни биде да ја зголемиме експертизата на домашните лекари. Ќе инсистираме да се едуцираат во тие дејности, да почнат да ги нудат тие сервиси за кои плаќаме големи средства за лекување во странство. Сите болници ќе имаат обврска да ги тренираат нашите државни лекари за тие да стекнат експертиза“, рече Филипче.

Тој исто така истакна дека ќе работат за да се гарантира бесплатно лекување на ранливи категории граѓани и дека ќе ја подобрат процедурата да не се дозволи ризик од недостиг на инсулин.

XS
SM
MD
LG