Достапни линкови

Најмалку 40 загинати во напад во Кабул


Најмалку 40 луѓе биле убиениво бомбашки напад во шиитски културен центар во Кабул, 28.12.2017.

Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека најмалку 40 луѓе биле убиени и 30 ранети во експлозии на бомби во шиитски културен центар во Кабул. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Талибанците демантираа дека нивна милитантна група била инволвирана во денешното крвопролевање. Се прецизира дека најпрвин бомбаш самоубиец се разнесол во Центарот по што се слушнале и две експлозии во околината.

XS
SM
MD
LG