Достапни линкови

Сириските власти обвинуваат - Ердоган поддржува тероризам


Ердоган за време на посетата на Тунис.

Сириското Министерството за надворешни работи денеска го обвини претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган дека поддржува тероризам и има „најголема одговорност“ за крвопролевањето во Сирија. Обвинувањето уследи откако Ердоган го нарече сирискиот претседател „терорист“.

Ердоган за време на посетата на Тунис рече дека Башар ал-Асад е терорист и не треба да биде дел од иднината на Сирија по конфликтот.

Во реакцијата на сириското Министерство за надворешни работи се вели дека Ердоган понудил „неограничена поддршка“ за сите видови „терористички групи“.

За сириската Влада терористи се сите вооружени групи, вклучително и опозицијата.

XS
SM
MD
LG