Достапни линкови

Продолжен притворот за 29 лица за настаните во Собранието од 27 април


Архива: Демонстранти од иницијативата „За заедничка Македонија“ во Собранието.

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска им го продолжи притворот на 29 лица во врска со настаните од 27 април во Собранието. На 23 лица им е продолжен притворот од 30 дена, на четири лица им е продолжен домашниот притвор, а на две лица мерката притвор им е заменета со куќен притвор. Против ваквите решенија дозволена е жалба до Апелациониот суд во рок од 48 часа.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ во партиско соопштение наведе дека Судот и Oбвинителството мора да бидат свесни дека со продолжувањето на мерката притвор тие се соучесници во политичката пресметка и прогонот, посочувајќи дека неправедно се притворени невини луѓе поради политичка одмазда.

„Прогонот и политичките пресметки мора да прекинат уште веднаш. Само на тој начин ќе докажеме дека Република Македонија има демократски капацитети, а правосудниот систем оди во права насока“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG