Достапни линкови

Навални повика на протест за поддршка на изборниот бојкот


Архива: рускиот аникорупционер Алексеј Навални.

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, на кој му беше забранета кандидатурата на претседателските избори во март 2018 година, повика на протести на национално ниво на 28 јануари во знак на поддршка на бојкот на изборите.

Во денешна објава на неговата интернет страница, Навални рече дека е јасно оти „на Путин и Кремљ им е потребен висок одѕив“ на изборите, на кои се чини оти сигурно Путин ќе добие нов шестгодишен мандат.

Опишувајќи го како „штрајк на гласачите“, Навални ги повика Русите да ги бојкотираат изборите и „со сета своја моќ“ да се обидат да ги убедат другите да го сторат истото.

„Одбиваме реизборот на Путин да го наречеме избори“, напиша тој додавајќи: „Ние не сакаме да чекаме уште шест години, сакаме конкурентни избори сега“, напиша Навални.

На 25 декември изборната комисија во земјата одлучи дека навални не може да се кандидира на изборите во март 2018 година поради обвиненија за финансиски криминал, за кои антикорупцискиот активист тврди дека се политички мотивирани.

XS
SM
MD
LG