Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Во тек се разговори за натамошно делување


Архива: Седиштето на ВМРО ДПМНЕ

И натаму се во тек внатрепартиските разговори за тоа дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат во работата на Парламентот и во собраниските тела, соопштува партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ в текот на денешниот ден ќе одржат средба на која ќе разговараат околу идното функционирање на Собранието и дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на координација одлучила во наредниот период да ги дефинира чекорите за натамошното делување.

Пратениците од партијата ја потврдиле поддршката, како што се наведува во соопштението, за неправедно притворените колеги и останати граѓани во врска со настаните од 27 април.

„Одговорност на власта, односно мнозинството на СДСМ е да обезбеди нормално функционирање на Собранието“, се наведува во соопштението.

XS
SM
MD
LG