Достапни линкови

Законот за медиуми на уште едно разгледување во Европската комисија


Архива: Портпаролот на Влада на Македонија, Миле Бошњаковски.

Предлог законот за аудио и аудиовизуелни услуги пред да влезе во владина процедура ќе оди на уште едно разгледување во Европската комисија по нејзино барање, соопштува од Владата.

Оттаму велат дека роковите не се пробиваат и оти по враќањето на законот и евентуалните препораки предлог законот ќе биде ставен на владина седница.

Портпаролот на Миле Бошњаковски соопшти дека се усвоени повеќе предлог-измени на закони дел од итните рефоромски приоритети предвидени со Планот 3-6-9.

Меѓу нив: Законот за судовите, Законот за извршување на санкции, Законот за јавно обвинитество, Законот за кривична постапка, Законот за внатрешни работи и на Законот за полиција. Усвоени се и пакетот законски решенија кои се направени по препораките на Прибе.

XS
SM
MD
LG