Достапни линкови

Сириските бунтовници ги одбија мировните преговори спонзорирани од Русија


преговори за Сирија во Астана, Казахстан, 22.12.2017.

Сириските бунтовнички и опозициски групи ги отфрлија мировните преговори кои спонзорирани од Русија треба да се одржат кон крајот на идниот месец. Тие ја обвинуваат Москва за „воени злосторства“ во Сирија и за ставање на страна на сирискиот режим во шестгодишната граѓанска војна во таа земја. 40 бунтовнички и опозициски групи соопштија дека планираните преговори биле обид за заобиколување на мировниот процес предводен од Обединетите нации.

XS
SM
MD
LG