Достапни линкови

Протест со подарување вратоврски за Харадинај во Приштина


Демонстрантите закачија стотици вратоврски на оградата на косовската влада

Активистите на невладини организации, поддржани и од граѓани, денеска на оградата пред зградата на Владата во Приштина закачија стотици вратоврски и кошули во знак на протест поради зголемувањето на платата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

По апелот на социјалните мрежи биле собрани 214 вратоврски и неколку десетици кошули кои ги закачиле на оградата околу зградата, каде што се наоѓа канцеларијата на Харадинај.

До ваквиот протест доаѓа по изјавата на Харадинај дека му требаат пари за вратоврски и кошули, како одговор на лавината реакции, откако претседателот и министрите двојно си ги зголемија платите.

Просечната плата на Косово е 354 евра.

Минатата недела, косовската Влада донесе одлука бруто платата на премиерот Харадинај двојно да се зголеми и тоа од 1.500 на 2.950 евра.

XS
SM
MD
LG